За Нас

Топ Принт е формирана 2011 година и до сега соработуваме со сериозни, постојани клиенти.
Фирмата е ориентирана кон дигиталниот печат и графичкиот дизајн.
Графичкиот дизајн е еден вид на применета уметност, која опфаќа комбинација на типографија, илустрација и познавање на печатот, за визуелната комуникација да ја пренесете со идеи или пораки, со цел информирање или едуцирање.
Bo голем дел значи познавање на естетски вештини и мојстории и нивно сложување односно комбинирање.

Графичкиот дизајнер има за задача да го визуелизира сeкое идејно решение со цел другите да можат полесно да го разберат.

Графички дизајн мора да биде разбирлив и препознатлив на целната публика.
Без разлика дали сте отвориле фирма или компанија на вас ви е потребен визуелен идентитет,
или ако сакате да направиме редизајн на вашите постоечки печатени материјали, ние сме тука да ви помогнеме.
Во соработка со вашите барања ние сме во можности да ви развиеме комплетен визуелен идентитет.
За вас можеме на направиме лого, графички решенија за разни печатени материјали пвц налепници, промотивни дисплеи, брошури, каталози, визит карти, меморандуми, пликоа, нотеси, флаери, разгледници, картички, знамиња…

Дваесетгодишното искуство со графичкиот дизајн не прави посебни во оваа дејност со што се добива уникатност и брзина во реализирањето на вашите идеи.
Професионалноста на целата фирма е една од одликите кои се стремиме да ги задржиме од самите почетоци.
Во соработка со Вас, вашата идеја лесно можеме да ја креираме и да добиеме готов производ за кратко време.
Нудиме најдобра можна услуга во полето на графичкиот дизајн, припрема за печатење и печатење.
Со нашата работа и вашите потреби, ќе дојдеме до најдобриот и најефикасен начин за претставување на вашите идеи до крајните корисници.
Висок квалитет на печатот, јасните и точните бои со мазни прелази – се стандард на отпечатоците направени на нашата опрема.

Цените се дефинирани со цел да одговараат на вашите потреби.
Брзината и квалитетот се наши заштитни знаци.

Повелете во просториите на Топ Принт!
Ве очекуваме со нови предизвици.

Related posts

Контакт

Може да нé побарате на нашите телефони +389 2 3066 850; +389 72 314 223 или пишете ни на e-mail: info@topprint.mk

Декларации

Печатење на декларации во различни димензии на хартија и муфлон. – цени за производи со декларација – генерирање на различен тип на...